СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.З.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и „фалсификување исправа“.
Пријавениот, на 13.12.2023 од фирма од Куманово, сопственост на С.И. од Куманово, изнајмил патничко возило со договор дека ќе го врати на 23.12.2023.
Но, тој не го вратил и со фалсификуван печат од наведената фирма и фалсификуван печат од нотар од Скопје направил фалсификуван купопродажен договор склучен на 02.11.2023 година.