Хроника Акција на МВР

Син на висок функционер бил “кодошот“ на криминалната група во Арачиново – ја издал акцијата, па тие избегале

Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата.

Син на висок функционер бил “кодошот“ на криминалната група во Арачиново – ја издал акцијата, па тие избегале

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Лицето со иницијали Ќ.Б., е приведено поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.

Тој е приведен поради индиции дека дошол до информации за акцијата која се спроведуваше во Арачиново, а потоа ги кажал на припадници на криминална група, за тие да избегаат.

Според информации на „Скопје1“, индициите за лицето се дека тоа сторило кривично дело-оддавање на службена тајна, па затоа, одземен му е и телефонот. Се е спроведено во координација со Обвинителството.

Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа. Првичните информации се дека приврзаници на групата „Беланоца“ дознале детали, кои е можно да протекле од телефонот на синот на поранешниот висок функционер во министерството, пишува порталот.

To top