ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.С.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“.
Тој, во текот на 2024 година, на дел од катастарска парцела покрај крајбрежјето на Дебарското езеро, во месноста „Бадеми“, сопственост на А.Д. ЕСМ-Скопје, бесправно изградил објект за домување од цврста градба и го оградил, со што се стекнал со противправна имотна корист.