На 02.06.2024 околу 17.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на велосипедска патека од населба Сењак кон населба „8 Ноември“ во Штип, М.Ј.(38) од Штип, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на патеката, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.