Хроника Штип

Шест лица приведени: Фрлиле марихуана од возило, но полицијата најде уште дрога кај нив

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Шест лица приведени: Фрлиле марихуана од возило, но полицијата најде уште дрога кај нив

На 11.10.2024 во 02:25 часот, полициски службеници од СВР Штип ги привеле Н.Ш.(21), Е.Р.(18), Д.Г.(31), А.Б.(33), Д.Т.(21) и Н.Т.(21), сите од Штип.

Тие биле затекнати на ул.„Кежовица“ во Штип со патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, при што едно од лицата фрлило ќесе со марихуана, која била пронајдена и одземена.

После тоа, при преглед во возилото, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top