Полициски службеници од СВР Битола денеска околу 18 часот го пронајдоа шестгодишниот малолетник, кој еден час пред тоа бил пријавен од неговиот татко дека се изгубил во населба Горно Оризари во Битола, информира МВР.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Битола за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено околу 18 часот.