Хроника апсења на цела територија на македонија

Серија на апсења во првиот ден од новата година

Припадниците на полицијата во првиот ден годината имале полни раце работа.

Серија на апсења во првиот ден од новата година

Денеска (01.01.2024) во 02.50 часот во Гостивар на ул.„Живко Брајковски“ полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.А.(29) од с.Градец-гостиварско, Ф.Х.(40) од Гостивар, Л.Ф.(36) од Струга (женско лице) и В.Ф.(29) од Гостивар кои биле со патничко моторно возило „фиат“ со италијански национални ознаки, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера (31.12.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(50) од Куманово, затоа што при преглед кај него биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 31.12.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Г. (36) од Куманово. Тој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 01.01.2024 во 01.20 часот, на улицата „11 септември“ во Дебар, лишен од слобода е В.В.(28) од кичевското село Бачишта. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 31.12.2023 во 16.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(39) од Велес, затоа што, според пријавеното, во дворот од семејната куќа физички го нападнал неговиот 41-годишен брат со тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2023 во 23.50 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул„ Кузман Јосифоски“ лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Прилеп. При извршен преглед, кај лицето е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.12.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Ресен во с.Крушје,ресенско лишена е од слобода Х.Б.(46) од с.Горна Бањица,гостиварско, која била барана по распишана централна потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор во траење од 6 месеци. Таа е спроведена во Казнено поправна установа „Идризово“.Денеска (01.01.2024) во 00.50 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на 31.12.2023 физички ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 21.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои околу 20.00 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (01.01.2024) во 00.50 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на 31.12.2023 физички ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 13.00 часот во гостиварско село полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2023 во 19.20 часот во тетовско село полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) поради тоа што физички го нападнал неговиот малолетен син, по што истиот возвратил, а според пријавеното биле употребени метален и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

To top