На 27.08.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.Г.(34) од Берово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2024 во 22.30 часот во Скопје, на место викано „Три Круши“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2024 во 18.10 часот полициски службеници од Полициска станица од Гостивар, постапувајќи по судска наредба, го лишиле од слобода А.А. (42) од с. Равен, за кого била распишана централна потерница со која бил баран за издржување на казна затвор. Лицето е спроведено во Затвор Тетово.
На 27.08.2024 во 21.30 часот во населба Баир во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Џ.Ц.(32) и О.Ј.(27), двајцата од Битола. При преглед кај Џ.Ц. била пронајдена бела грутчеста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.