Хроника мвр билтен

Серија на апсења во Македонија: Дилерите на удар на полицијата

На 12.10.2024 во 01.15 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ј.А.(20) од с.Врапичиште, гостиварско, затоа што кај него биле пронајдени гасен пиштол и електро шок. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случјот против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Закон за оружје.

Серија на апсења во Македонија: Дилерите на удар на полицијата

На 11.10.2024, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка и координирана акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од с.Никуштак, општина Липково. При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

На 11.10.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријва.

На 11.10.2024 во 16.40 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Н.(28) од Порој, тетовско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба” казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.10.2024 во 10.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле У.Е.(64) од Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна,. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.10.2024 во 15.40 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле М.А.(47) од с.Градец, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.10.2024 во 07.55 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Д.(41) од Кочани затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе различни видови таблети за кои не поседувал документација. Лицето и таблетите биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

To top