На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавилa дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и нејзината 28-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Ќ.(50) од Скопје.
Според пријавата, тој потоа им се заканувал со остар предмет на нив и на 25-годишниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.