Хроника Во близина на манастирот „Св.Троица“

Се судрија две товарни возила, тешко е повреден маж од Радовиш

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило Г.К.(43) од с.Дедино, радовишко, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Се судрија две товарни возила, тешко е повреден маж од Радовиш

На 18.08.2025 во  14:00 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионален пат во правец од планината Плачковица кон Радовиш, во близина на манастирот „Св.Троица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(26) од с.Долно Липовиќ, радовишко и товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(63) од Радовиш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило Г.К.(43) од с.Дедино, радовишко, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Најнови вести од Хроника

To top