На 27.11.2025 во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Кучково-с.Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С.(61) од с.Никиштани, скопско и патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(71) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.