Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје.
-Тие се сомничат дека околу 13.00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож, информира МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.