Измамите со брзи кредити во последниве години станаа честа појава во Македонија при што десетици македонски семејства беа жртви и останаа заглавени во долгови. Затоа се сменија законите и пристапот до брзите кредити.
Ама тоа не го спречило младиот кичевчанец А.Е.(28) од с.Аранѓел да се обиде да подигне брз кредит со лична карта која не била негова и без добиена согласност. Затоа полициските службеници на 27.12.2023 година од пред кредитното друштво на булеварот “Ослободување“ го уапсиле А.Е. и против него ќе биде покрената соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.