Денеска (29.12.) во 00.50 часот во Полициска станица Велес, Т.Ф.(32) вработена во Центарот за социјални работи Велес, пријавила дека А.М.М.(16) се оддалечила од домот во Велес каде била сместена во згрижувачко семејство.
Според пријавеното, малолетничката се јавила и кажала дека се наоѓала во Велес, но не сакала да се врати во домот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.