Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар „Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи.
Од МВР потенцираат дека е измерена брзина на движење на патничко моторно возило „голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.
Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.