Хроника мвр

Санкции за пијани возачи на тетовско – гостиварскиот реон

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (29/30 декември) од 22 до 4 часот спроведоа акциска контрола на тетовско-гостиварското подрачје на возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, соопштија од СВР Тетово.

Санкции за пијани возачи на тетовско – гостиварскиот реон

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (29/30 декември) од 22 до 4 часот спроведоа акциска контрола на тетовско-гостиварското подрачје на возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, соопштија од СВР Тетово.

При контролата откриени и санкционирани се вкупно 9 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-1).Осум од санкционираните возачи имале до еден и пол промили алкохол во крвта, односно организмот, а еден одбил да се алкотестира.Сите веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност Покрај тоа, на возачите-прекршители времено им се одземени и возачките дозволи.При контролата, исто така, со законски предвидените поднесоци биле заокружени и 9 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-3), се вели во соопштението од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово во пресрет на серијата новогодишни и другите јануарски празници повторно апелира до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако ги управуваат нивните возила, без разлика на поводот и должината на дестинацијата.На возачите им се советува и да не возат пребрзо во и надвор од населените места и целосно да се придржуваат кон сообраќајните знаци, правила и прописи.

Ова, дотолку повеќе што деновиве на подрачјето на СВР Тетово значително зголемен е вкупниот број на возила, а со тоа и сообраќајната фрекфенција на патиштата и улиците на подрачјето. Им се укажува, исто така, да внимаваат и каде и како ги паркираат возилата, посебно во централните подрачја на Тетово и Гостивар, зашто паркирањето во таканаречени “двојни редови” во голема мерка го доведува во прашање непреченото и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот и ја забавува проточноста на сообраќајот.

To top