Денеска (14.03.2024) СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И. поради постоење основи на сомнение за извршени четири кривични дела „разбојништво”, казниво по член 237 од Кривичниот законик.
Од судија на претходна постапка на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.