Хроника

Работник починал во фабрика во Кисела Вода, му се слошило

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Работник починал во фабрика во Кисела Вода, му се слошило

На 24.03.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д.(40) од Скопје, додека бил на работно место, му се слошило и починал.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

To top