Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2023) во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, при што санкционирани се 42 возачи.
За време на контролата санкционирани се и 186 други видови на сообраќајни прекршоци.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.
-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.