Шест мигранти биле пронајдени во автомобил синоќа на автопатот Скопје – Куманово, а возачот бил лишен од слобода, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
– Околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К., на возраст од 33 години од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица, мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир, се вели во соопштението од МВР.
Претходно, на наплатната станица „Романовце“, О.К. тој не застанал на даден знак од полициските службеници. Но, по преземени мерки, возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, најави МВР.