Во периодот од 22.25 часот на 24.08.2024 до 01.30 часот на 25.08.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Ј.А.(40) од Лозово, А.Т.(32) од Штип, Т.М. (32) од Скопје и Х.П.(37) од Скопје.
При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена тревкаста материја.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.