Хроника телото на обдукција

Пронајден мртов маж во возило на градски превоз во Велес

Пронајден мртов маж во возило на градски превоз во Велес

Во Секторот за внатрешни работи Велес, вчера утрото во 06:40 часот, било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат 60-годишниот С.С.од Велес.

Како што информира денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

To top