Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.В.(54) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 27.12.2023, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.