На 03.08.2024 околу полноќ на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги приведоа П.К.(19),Ј.Т.(19) и Т.Д.(19), сите од Скопје.
-При извршен преглед, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.