Хроника ОВР Прилеп

Приведени тројца крадци, одземеното вратено на сопствениците

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведени тројца крадци, одземеното вратено на сопствениците

На 18.03.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп.

При претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.

Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top