Денеска (24.08.2025) во 00:05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги привеле Е.С.(31), Е.М.(34) и С.К.(28), сите од Скопје.
Приведени се затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.