На 13.09.2024 околу 21 часот на подрачјето на Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Б.(25), И.М.(39) и М.Ј.(41) сите од Кавадарци.
Приведени се поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја и кафеава грутчеста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.