Денеска (10.09.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 10.20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(29) од село Зелениково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024 во 13.40 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(30) од село Горно Оризари, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.09.2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода В.М.(21) од тетовско Јажинце и малолетник од Косово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во СВР Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.