Хроника Одзеле повеќе предмети

Приведени крадци во тетовско, одземеното вратено на ЈП „Македонија пат“

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Приведени крадци во тетовско, одземеното вратено на ЈП „Македонија пат“

Вчера (12 март) околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово.

Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“.

Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Теми на денот

To top