Хроника

Приведени крадци во Прилеп, едниот бил малолетен

Приведени двајца крадци од Прилеп, одземените предмети вратени на сопственичката.

Приведени крадци во Прилеп, едниот бил малолетен

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и еден малолетник, постапувајќи по пријава од 76-годишна жена од Прилеп дека истиот ден околу 14.50 часот на ул.„Кеј 9 Септември“, во близина на паркот во Прилеп, две лица кои биле со мотоцикл и одзеле златно ланче.

Украденото е вратено на пријавителката, а по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top