Хроника СВР Струмица

Приведени две лица во Струмица, затекнати при купопродажба на кокаин

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведени две лица во Струмица, затекнати при купопродажба на кокаин

На 15.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Н.М.(35) и А.Ч.(28), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога, при што кај А.Ч. бил пронајден и одземен кокаин.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top