Денеска (24.12.2023) во 02:20 часот во Градскиот парк во Скопје, пред угостителски објект, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.П.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (24.12.2023) во 01:10 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.