На 31.05.2024 во 17:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје.
Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.