Хроника ОВР Ресен

Приведени дрвокрадци во ресенско, следува соодветна пријава

Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Приведени дрвокрадци во ресенско, следува соодветна пријава

На 04.11.2024 во 16.40 часот, во атар на с.Болно, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Д.(47) од Ресен и Т.Д.(45) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

При контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација.

Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани теми

To top