На 26.02.2025 во 16:20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихиана и други предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.