На 06.01.2025 во 10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(39) од Струмица.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба била пронајдена кафена прашкаста материја.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.