Денеска (13.11.2024) во 09.20 часот на ул. „Цветан Димов” во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.А.(28) од Скопје затоа што не носел документ за идентификација.
По извршени проверки утврдено е дека за А.А. има мерка куќен притвор, која не ја почитувал.
Известени се јавен обвинител и надлежен судија, а против А.А. е изготвен и соодветен поднесок.