Денеска (28.01.2024) во 01:50 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, во близина на угостителски објект, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(40) од Скопје.
Приведен е поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.