Полициски службеници од СВР Штип вчера во 17.05 часот го лишиле од слобода болничарот Т.Ј. (60) кој се сомничи дека на работното место во Клиничката болница – Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.
Како што информира СВР Штип, Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.