Полициски службеници од СВР Скопје денеска на Бит-пазар го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина разновидни пиротехнички средства.
Како што соопшти МВР, пронајдени и одземени се 21 524 пиротехнички средства.
По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.