На 04.04.2024 во 18:30 часот на автобуската станица во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода П.Т.(34) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и хероин.
П.Т. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.