Вчеравечер (17 март) околу 22 часот и 50 минути на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.