На 20.10.2024 во 20.45 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.Х.(40) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, информираат од МВР.