Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 14.45 часот во Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец С.М., осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба.
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека „тешката кражба“ ја извршил во период од 18.45 часот на 13 јуни до вчера до 12.50 часот, при што одзел повеќе предмети.
-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.