Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 17 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(64) од Виница.
Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.