На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола, соопшти МВР.
-Тој се сомничи дека во периодот од 22 до 24.00 часот на 14.06.2024 одзел патничко возило „тико“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(48) од Битола. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, топенцираа во соопштението.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.