Денеска (19.09.2024) на ул.„Волт Дизни“ во Скопје, полициски службениџи од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје. Тој бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната.
Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.