Хроника

Приведен крадец, насилно украл златно ланче од скопјанка

Приведен крадец, насилно украл златно ланче од скопјанка

Денеска околу 11.30 часот, во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (26) од Скопје.

-Лицето околу 11.10 часот, исто така во централното градско подрачје, со употреба на физичка сила одзел златен ланец од К.А. (55) од Скопје, информира МВР.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки од полициските службеници и А.С. е лишен од слобода и против него ќе следуваа соодветна кривична пријава, а златниот ланец е пронајден и ќе биде вратен на оштетената.

To top