На 08.04.2024 во 14.05 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го приведоа Х.Ф.(45) од кичевското село Горно Строгомиште, известија од МВР.
-За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „измама“, стои во соопштението.
Од МВР потенцираа дека лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.